На 29 декември 2010 година Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена каматна стапка од 4,0%.
На аукцијата банките купија благајнички записи во износ од 7,24 милијарди денари. Имајќи предвид дека на 29 декември 2010 година беа исплатени 7,30 милијарди денари врз основа на достасани благајнички записи, по одржувањето на денешната аукција состојбата на благајничките записи се намали за 0,06 милијарди денари.