На 16 септември 2015 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари, при што беше применет новиот механизам за учество на аукцијата на благајнички записи, каде што основен критериум е поединечното учество на банките во вкупните обврски во домашна валута без валутна клаузула на банкарскиот систем.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.249 милиони денари, односно 251 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14 октомври 2015 година.