На 16 декември 2015 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари. Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.075 милиони денари, односно 425 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 јануари 2016 година.