На 15 јули 2015 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 24.291 милион денари, односно 1.209 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 12 август 2015 година.