Скопје, 15.08.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 15 август 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 27.316 милиони денари, што е на ниво на достасаниот износ.
Банките вложија 26.762 милиони денари во благајнички записи, односно 554 милиони денари помалку од достасаниот износ. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 12 септември 2012 година.