Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 14 јануари 2015 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ и изнесуваше 58.658 милиони денари. Реализацијата е еднаква на понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 11 февруари 2015 година.