Скопје, 14.11.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 14 ноември 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 25.100 милиони денари, односно 767 милиони денари повеќе од достасаниот износ (24.333 милиони денари).
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 2.043 милиони денари и изнесуваше 27.143 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.100 милиони денари, а постигнатата каматна стапка на аукцијата се задржа на стабилно ниво и изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 12 декември 2012 година.