На 13 јули 2016 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 4,00%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 21.353 милиони денари, односно 647 милиони денари помалку од понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 август 2016 година.