Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 13 февруари 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,50%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 24.020 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 2.528 милиони денари и изнесуваше 26.548 милиони денари. Реализацијата изнесува 24.020 милиони денари, а постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,48%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 март 2013 година.