Скопје, 13.06.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 13 јуни 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 29.000 милиони денари, што е за 350 милиони денари повеќе од достасаниот износ на благајнички записи (28.650 милиони денари).
Банките вложија 28.752 милиони денари во благајнички записи, што е речиси на ниво на достасаниот износ (зголемување од 102 милиони денари). Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 11 јули 2012 година.