Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 12 декември 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 26.000 милиони денари, односно 900 милиони денари повеќе од достасаниот износ (25.100 милиони денари).
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 705 милиони денари и изнесуваше 26.705 милиони денари. Реализацијата изнесува 26.000 милиони денари, а постигнатата каматна стапка на аукцијата се задржа на стабилно ниво и изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 9 јануари 2013 година.