Скопје, 12.09.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 12 септември 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 26.760 милиони денари, што е на ниво на достасаниот износ (26.762 милиони денари).
Банките вложија 26.317 милиони денари во благајнички записи, односно 445 милиони денари помалку од достасаниот износ. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 октомври 2012 година.