Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 11 септември 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ за 4.420 милиони денари и изнесуваше 29.920 милиони денари.
Реализацијата изнесува 25.500 милиони денари. Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 9 октомври 2013 година.