Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 11 февруари 2015 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ и изнесуваше 60.060 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.500 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 11 март 2015 година.