Скопје, 11.07.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 11 јули 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 28.000 милиони денари, што е за 752 милиони денари помалку од достасаниот износ на благајнички записи (28.752 милиони денари).
Банките вложија 27.316 милиони денари во благајнички записи, односно 1.436 милиони денари помалку од достасаниот износ. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 15 август 2012 година.