Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 10 септември 2014 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ и изнесуваше 36.047 милиони денари. Реализацијата е еднаква на понудениот износ.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 15 октомври 2014 година.