Скопје, 10.12.2014 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 10 декември 2014 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ и изнесуваше 52.293 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.500 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14 јануари 2015 година.