Скопје, 10.10.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 10 октомври 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи во износ од 26.300 милиони денари, што е на ниво на достасаниот износ (26.317 милиони денари).
Банките вложија 24.333 милиони денари во благајнички записи, односно 1.967 милиони денари помалку од достасаниот износ. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,73%.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14 ноември 2012 година.