Скопје, 09.05.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 9 мај 2012 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 3,75%. Банките вложија 28,65 милијарди денари во благајнички записи, што е помалку од достасаниот износ за 4,16 милијарди денари. Постигнатата каматна стапка на аукцијата изнесува 3,71%.
На првата аукција според новата оперативна рамка беа понудени благајнички записи во износ од 32 милијарди денари, што е за 0,81 милијарда денари помалку од вкупниот достасан износ на благајнички записи (32,81 милијарда денари). Согласно со новата оперативна рамка на монетарната политика на Народната банка, започнувајќи од 9 мај 2012 година, фреквентноста на аукциите на благајнички записи е намалена од еднаш неделно на еднаш во периодот на задолжителна резерва. Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 13 јуни 2012 година.