Скопје, 08.02.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 08 февруари 2012 година Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена каматна стапка од 4,0%.
На аукцијата банките купија благајнички записи во износ од 9,53 милијарди денари. Имајќи предвид дека на 08 февруари 2012 година беа исплатени 8,22 милијарди денари врз основа на достасани благајнички записи, по одржувањето на денешната аукција состојбата на благајничките записи се зголеми за 1,31 милијарди денари.