Скопје, 02.05.2012 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 02 мај 2012 година Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи, со утврдена максимална каматна стапка од 4,0%.
На аукцијата банките купија благајнички записи во износ од 5,90 милијарди денари. Имајќи предвид дека на 02 мај 2012 година беа исплатени 5,96 милијарди денари врз основа на достасани благајнички записи, по одржувањето на денешната аукција состојбата на благајничките записи се намали за 0,06 милијарди денари.