Анализата на очекувањата на пазарните учесници е стандарден аналитички пристап на централните банки, кој овозможува следење на пазарните ставови и размислувања, како и следење на влијанието на промените во окружувањето врз финансиските пазари и инструменти. Народната банка започна со спроведување на Анкетата за очекувањата на пазарните учесници од април 2015 година, со цел следење на промените во очекувањата за насоката на монетарната политика, движењата на финансиските пазари и клучните економски индикатори.
Панелот на испитаници е составен од директни активни учесници на финансиските пазари, во рамки на банките, коишто редовно ги следат движењата на финансиските пазари во земјата и макроекономските остварувања. Анкетата се спроведува на месечна основа, пред одржување на месечните седници на Комитетот за оперативна монетарна политика, на кои се разгледува поставеноста на монетарната политика.
При донесувањето на одлуките од областа на монетарната политика, Народната банка ги следи остварувањата кај клучните домашни и меѓународни макроекономски и финансиски показатели, движењата на домашните финансиските пазари и трендовите во банкарскиот систем, како и проектираните идни движења на најзначајните макроекономски показатели. Во овој процес значајни се и очекувањата на пазарните учесници за идните насоки на монетарната политика, како дополнителна информација.
Датум
2016
Јуни Анкета Резултати
Мај Анкета Резултати
Април Анкета Резултати
Март Анкета Резултати
Февруари Анкета Резултати
Јануари Анкета Резултати
2015
Декември Анкета Резултати
Ноември Анкета Резултати
Октомври Анкета Резултати
Септември Анкета Резултати
Август Анкета Резултати
Јули Анкета Резултати
Јуни Анкета Резултати
Мај Анкета Резултати