50 денари
Аверс
Фолис, бакар, Јустин II (565-578)
По смртта на Јустинијан I во 565 год., на византискиот престол дошол Јустин II. Неговото владеење било одбележано со смели зафати кои имале за цел да ги санираат состојбите во Империјата. Пред се тој се обидел да ја подобри економската состојба наследена од неговиот претходник со плаќање на државните долгови, намалување на даноците и со обид да воспостави контрола врз емисиите на пари. Парите на Јустин II често се откриваат на локалитетите во Р. Македонија, како во состав на оставите, така и како поединечни наоди.
Декоративна штуко арка од јужниот ѕид на црквата
Св. Пантелејмон во с. Горно Нерези, Скопје.
Декоративната штуко арка ја врамува фреско иконата на св. Пантелејмон, кој е патрон на манастирската црква иградена во 1164 година од византискиот принц Алексиј, внук на Алексиј I Комнен. Оваа декоративна рамка е еден од најубавите примери на камена пластика во Р. Македонија.
Реверс
Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“ на источниот ѕид на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново.
Црквата се наоѓа на североисточното крајбежје на Преспанското Езеро. Годината на градење не е позната, но од натписот во црквата се гледа дека таа е живописана во 1191 година. Фрескоживописот е дело на непознат мајстор и преставува врвно и оригинално дело од периодот на комненската уметност во Македонија.
назад
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}