Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, датирана во почеток на XIV век. На иконата е претставена Богородица во цел раст со малиот Христос во десната рака. Иконата која е со димензии 103,5 x 52 cm денес се чува во Галеријата на икони, Охрид.
Златна обетка со гулабица откриена на локалитетот Требенишко Кале. Гулабот е омилена тема во накитот во III-I век пр. н.е. и се поврзува со култот кон божицата Афродита, кој во тоа време бил особено засилен.
Црквата Св. Софија во Охрид егзистирала во X век, а можно е да била изгадена во ранохристијанскиот период. Во 1040-45 год., во време на охридскиот архиепископ Лав, таа била обновена. На местото од надворепната припрата во 1313-14 год. во време на архиепископот Григорие, била изградена нова, т.н. Григориева галерја, на кат со раскошно расчленета фасада и две камбанарии.