Базелската капитална спогодба има за цел да ги воспостави принципите за утврдување на потребниот износ на капитал за покривање на ризиците на кои се изложени банките во своето работење. Постојните промени на меѓународните финансиски пазари, развојот на нови банкарски производи, услуги и инструменти наметнуваат постојана ревизија на правилата и принципите за работа на банките од една страна, како и потреба за зајакнување на прудентната банкарската супервизија од друга страна.


Капиталната спогодба позната како Базел II донесена во 2004 година од страна на Базелскиот комитет, се заснова врз три столба коишто ги опфаќаат минималните капитални барања што банките треба да ги исполнат, начинот на следење од страна на супервизорските органи на исполнувањето на прудентните стандарди при утврдувањето на потребното ниво на адекватноста на капиталот и информациите и податоците коишто банките треба да ги објавуваат заради зајакнување на пазарната дисциплина.


Пропаѓањето на големи и комплексни финансиски институции во текот на финансиската криза којашто започна во 2007 година предизвика дестабилизација на финансискиот систем во глобални рамки, а во крајна линија и на реалниот сектор. Притоа, некои држави презедоа значителни интервенции за да се одржи финансиската стабилност, коишто најчесто вклучуваа користење буџетски средства. Како одговор на кризата, Базелскиот комитет за банкарска супервизија усвои серија реформи на меѓународниот капитален стандард (т.н. Базел III), коишто пред сè се однесуваат на зајакнување на капиталните барања, зајакнување на ликвидната позиција на банките и примена на макропрудентни инструменти за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем на финансиски и економски шокови.  

Методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот во Република Северна Македонија овозможува целосна примена на стандардизираните пристапи од првиот столб на Базелската капитална спогодба (Базел II) за утврдување на капиталот потребен за покривање на кредитниот, пазарниот и оперативниот ризик. Со измените на Законот за банките од октомври 2016 година и со измените и дополнувањата на регулативата за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од декември 2016 година се овозможи усогласување на домашната регулативата со барањата на Базел III, во поглед на обврската за одржување заштитни слоеви на капиталот и структурата на сопствените средства на банките, како и со соодветните одредби од европската регулатива 575/2013 за прудентните барања за кредитните институции и инвестициските фирми. Во тек се активности на усогласување со барањата коишто се однесуваат на воведување на стандардите за ликвидност.


Basel II: International Convergence of Capital Measurement and Capital Standards: a Revised Framework

Basel Committee's response to the financial crisis

 

International regulatory framework for banks (Basel III)

 

Со цел имплементација на базелските стандарди во рамките на Европската Унија, донесени се Регулативата на Европската Унија бр. 575/2013 и Директивата на Европската Унија бр. 2013/36.

Regulation (EU) No 575/2013 of the European Parliament and of the Council of 26 June 2013 on prudential requirements for credit institutions and investment firms and amending Regulation (EU) No 648/2012

Directive 2013/36/EU of the European Parliament and of the Council of 26 June 2013 on access to the activity of credit institutions and the prudential supervision of credit institutions and investment firms, amending Directive 2002/87/EC and repealing Directives 2006/48/EC and 2006/49/EC