Народната банка на Република Северна Македонија, за сметка на органите на државната власт и органите на државната управа, може да врши депозитни работи, пласман и тргување со хартии од вредност, платен промет и други финансиски активности (член 50 од Законот за Народна банка на Република Македонија).

Народната банка не гарантира за преземените обврски на органите и не купува директно нивни должнички инструменти. Државата може да се задолжува единствено за финансирање на обврските на Република Северна Македонија спрема Меѓународниот Монетарен Фонд или во случај на кредити или позајмици со рок на достасување до 1 ден, без можност за обновување и продолжување (член 51 и член 52). 

Регулатива за државни записи