Старт на новиот платен систем
На 30.07.2001 година започна функционална реализација на една од најкомплексните реформи во Република Македонија, Реформата на Платниот Систем. Со реформата управува Управен комитет во кој активно учество имаат експерти од Народна банка на Република Македонија, Министерството за Финансии, банките, Заводот за Платен Промет и еминентни професори на Економскиот факултет од Скопје.
Овој старт претставува почеток на изградба на нов платен систем по урнек на платните системи кај земјите со развиени пазарни економии. Новиот платен систем ја засилува компетитивната компонента на банките и претставува пред услов за имплементирање на нови банкарски производи кои ја зголемуваат ефикасноста на банките и целиот банкарски систем во целина. Со конкуренцијата се поттикнуваат и нови информатички и технолошки тенденции во банкарското работење. На ниво на една банка се овозможува поефикасно следење и управување со ликвидноста. Со реформата се зголемува и ефикасноста на водењето на монетарната политика.Од друга страна ако се земе фактот дека според Законот за платен промет едно правно лице може да има повеке сметки во повеке банки, новиот платен систем овозможува диверсификација на ризикот од аспект на едно правно лице, што претставува значајна придобивка на финансискиот систем воопшто.Овие карактеристики на новиот платен систем му обезбедуваат силна динамичка и развојна компонента на финансискиот систем на земјата.
Стариот платен систем (до 31.12.2001 година) во себе имаше вградено доста силно изразени статички компоненти и ограничувања како и по опциите така и ограничувања од технолошка природа и во целина претставуваше кочница за понатамошниот развој на финансиската инфраструктура и финансискиот систем воопшто.
Имплементацијата на новиот платен систем се спроведе со транзиционен период од 30.07.2001 година до 31.12.2001 година во кој покрај воведувањето на новите системи - РТГС системот на Народна Банка на Република Македонија и Клириншката куќа КИБС, продолжи функционирањето на Заводот за платен промет (ЗПП) како специфичен платен систем. Имено со процесот на миграција на сметките од ЗПП во банките се намалуваше обемот на работа на ЗПП, а се зголемуваше обемот на работа на МИПС, КИБС и интерните системи на банките. На крај од транзиционит период ЗПП престана да работи со што платниот систем во Република Македонија започна да функционира со полн капацитет. Транзициониот период беше регулиран со Упатство за извршување на платниот промет во транзициониот период, пропишано од страна на Гувернерот на Народна Банка на Република Македонија и Министерот за Финансии.
Во новиот платен систем Народна Банка на Република Македонија има важни и значајни функции кои се пропишани во новиот Закон за Платен Промет.
Почетна
Старт на новиот платен систем
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}