Платниот систем претставува збир на инструменти, процедури и инфраструктура за пренос на пари. Тој е од големо значење за сите економски субјекти бидејќи овозможува брзо и ефикасно извршување на плаќањата во националната економија.
Општо за платниот систем
Платниот систем претставува збир на инструменти, процедури и инфраструктура за пренос на пари. Тој е од големо значење за сите економски субјекти бидејќи овозможува брзо и ефикасно извршување на плаќањата во националната економија.
Платниот систем во Република Македонија може да се претстави шематски на следниот начин:

На врвот на платниот систем е централната банка, која ги води сметките на депозитните институции - банките. Централната банка во платниот систем има оперативна функција, развојна функција и функција на надгледување на другите платни системи во земјата.
На следното ниво се банките кои ги водат сметките на останатите правни и физички лица. Сметките се водат децентрализирано - секоја банка за своите клиенти. За извршување и промптно порамнување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања помеѓу банките се користи системот на централната банка. За пребивање на плаќањата со мали вредности се користи специјализирана институција - Клириншка куќа за мали плаќања, а резултатите од пребивањето подоцна се порамнуваат во системот на централната банка.
Платниот систем во Република Македонија е составен од следните подсистеми:
- МИПС (Македонски Интербанкарски Платен Систем) - Систем за бруто порамнување во реално време (РТГС) за обработка на плаќањата со голема вредност и итните меѓубанкарски плаќања.
- Клириншки Интербанкарски Системи - КИБС - Систем за одложено нето порамнување (ДНС) за обработка на плаќањата со мала вредност.
- Интернационален Картичен Систем АД КаСис - Систем за одложено нето порамнување (ДНС) за обработка на плаќањата со картички.
- Интерните платни системи на банките за плаќања помеѓу клиентите депоненти во рамките на една иста банка. Тука се оние плаќања кои не предизвикуваат промена на состојбата на сметката на банката во Народна банка на Република Македонија.
Овие подсистеми се функционално поврзни и сите нивни активности се одвиваат со однапред дефинирани начини на функционирање и по строго утврден термински план.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}