Интернационален картичен систем АД Скопје - КАСИС
Интернационалниот картичен систем АД Скопје (КАСИС) претставува систем за мултилатерално одложено нето-порамнување на плаќањата со домашни брендови на платежни картички. КАСИС управува со мрежата на банкомати и ПОС-терминали на банките и во нивно име врши авторизација/пренасочување и процесирање на трансакциите извршени на овие терминали. Порамнувањето на нето-состојбите на учесниците се врши еднаш дневно, помеѓу 09:00 и 11:00 часот во МИПС.
Правната основа на функционирањето на КАСИС, како платен систем за мултилатерално одложено нето-порамнување на плаќања со домашни платежни картички е Законот за платен промет. Согласно со Законот за Народната банка на Република Македонија и Законот за платен промет, Народната банка е овластена да ја надгледува сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платните системи за клиринг и порамнување. Поради тоа, КАСИС е предмет на надгледување од страна на Народната банка.
На следниот линк се наоѓа интернет-страницата на Интернационалниот картичен систем АД Скопје.