Статистика на каматните стапки
Пондерирани каматни стапки на банките и штедилниците, вкупни и новодоговорени и активни и пасивни каматни стапки на НБРСМ
Статистиката на каматните стапки опфаќа податоци за пондерираните каматни стапки на банките и штедилниците за вкупните кредити и депозити, новодоговорените кредити и депозити, новоодобрените кредити со обезбедување, новоодобрените долгорочни кредити, како и прекуноќните депозити, револвинг кредитите, негативните салда на тековни сметки и кредитите врз основа на кредитни картички. Исто така, се објавуваат и временски серии за вкупните кредити и депозити, како и за новодоговорените кредити и депозити.
Пондерираните каматни стапки кои се однесуваат на вкупните кредити и депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, оригинална рочност на достасување и валута.
Пондерираните каматни стапки коишто се однесуваат на новодоговорените активности за дадените кредити и за примените депозити, се поделени според следниве критериуми: секторска класификација, намена на кредитите на домаќинствата, висина на дадените кредити на нефинансиските институции, иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите, оригинална рочност на достасување кај депозитите и валута. Новодоговорените активности ги опфаќаат сите нови договори склучени во објавениот месец.
Најнови остварувања:
Во јануари 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити, изнесува 5,55% и е зголемена за 0,57 п.п. на годишна основа. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,72% и забележа годишно зголемување од 0,79 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јануари, изнесува 5,22% и на годишна основа е зголемена за 0,17 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари годишен раст од 0,71 п.п и изнесува 2,22%.
Прочитај повеќе...
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на
[email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 116 (или 110/108)