Благајничките записи издадени од Народната банка се регистрираат во депозитар на благајнички записи кај Народната банка на денот на аукцијата на благајничките записи.

    Регистрирањето на сопственоста на благајничките записи во депозитарот се врши по извршената уплата на дисконтираниот износ на благајничките записи од страна на банките.

    Преносот на сопственоста на благајничките записи по основ на тргување на секундарен пазар се врши според принципот „испорака наспроти плаќање“, кој обезбедува конечен пренос на сопственост на благајнички записи во депозитарот при истовремен пренос на парични средства во Македонскиот интербанкарски платен систем во согласност со Упатството за порамнување на трансакциите со издадени благајнички записи