http-equiv="Content-Type" content="text/html; charset=utf-8">
Улогата на НБРМ во Платниот систем во Република Македонија
Оперативна функција
Македонски Интербанкарски Платен Систем - МИПС
Технички карактеристики на МИПС
МИПС е изграден врз современа информатичка технологија. Опремата која се користи
е производство на компанијата
Hewlett Packard
на принципот клуч на рака. Опремата се состои од хардверска опрема, системски
софтвер и апликативни решенија. Целокупната опрeма е набавена со заеднички
вложувања од ЕУ преку ФАРЕ програмата и Народна Банка на Република Македонија.
Хардверската опрема е производство на
Hewlett Packard
i
Cisco.
Компјутерите кои се користат како терминали за работа во системот се произведени
од
Hewlett Packard
и
Compaq.
Главниот серверски систем се состои од два пара на компјутери кои работат
независно еден од друг и се
надополнуваат еден на друг во случај било кој дел да откаже. Покрај ова, МИПС
има и систем кој работи на оддалечена локација со истата функција како главниот
систем.
Се користат оперативните системи
Microsoft Windows 2000 Server
i
Microsoft Windows 2000 Advanced server.
За поголема доверливост на системот се користи кластер технологијата која ја
подржува
Microsoft Windows 2000 Advanced server.
МИПС системот поседува два независни складови на дискови и користи
Raid 10
технологија за мирорирање на дискови, така што секоја информација ја има на две
места паралелно.
За поврзување со учесниците во системот МИПС користи неколку
начина:
-
SWIFT
меѓународна мрежа
-
Frame Relay
мрежата на Македонски телекомуникации
- Директна врска преку локална мрежа (LAN)
За начините 2 и 3 постои и резервна можност за приклучување, преку ISDN линија.
Апликативните решенија се изработени од шведската фирма
CMA small systems.
Покрај серверските компоненти, овие решенија вклучуваат и работни места за:
креирање на пораки, верификување на пораки, авторизација на пораки, контрола над
работата на системот (и од оддалечена локација), анализа на примени пораки и
пребарување на примените и пратените пораки.
За заштита и авторизација на пораките кои се пренесуваат преку горенаведените
мрежи се користи PKI технологија.