Oд денес, 4.10.2013 година, Народната банка на Република Македонија на својата интернет-страница започна да го објавува Индексот на цените на становите, како одговор на актуелноста и зголемениот интерес на јавноста за податоци поврзани со пазарот на недвижности.
Oд денес, 4.10.2013 година, Народната банка на Република Македонија на својата интернет-страница започна да го објавува Индексот на цените на становите, како одговор на актуелноста и зголемениот интерес на јавноста за податоци поврзани со пазарот на недвижности. Податоците ќе се објавуваат квартално, во рамки на Билтените на НБРМ, почнувајќи од Билтенот за кв.2 2013 (табели од реален сектор, табела 7) и за да се олесни нивното користење, ќе бидат достапни во ексел-форматот. Деталите околу начинот на пресметката се дадени во Методолошките објаснувања - реален сектор.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}