Народната банка на Република Македонија, во соработка со Европската централна банка, организира Регионален семинар за статистика во периодот 2-4 октомври 2013 година
Народната банка на Република Македонија, во соработка со Европската централна банка, организира Регионален семинар за статистика во периодот 2-4 октомври 2013 година.
Целта на семинарот е запознавање со статистичкиот систем на ЕУ и најновите меѓународни барања за производство на официјални статистички податоци за потребите на носителите на економската и монетарната политика, со посебен осврт на потребните податоци за следење и одржување на финансиската стабилност. На семинарот присуствуваат претставници од централните банки на Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, како и претставници од Република Македонија, поточно од Народната банка на Република Македонија и од Државниот завод за статистика, што претставува одлична можност за размена на искуствата помеѓу статистичарите од централните банки од регионот и земјите-кандидатки за членство и земјите-членки на ЕУ. Гости предавачи за европските стандарди за статистичко известување и визиите за идните предизвици за статистиката во рамки на ЕУ се директорот на Директоратот за статистика на ЕЦБ, г. Аурел Шуберт, како и ракoвoдителите на различни оддели за макроекономски статистики во рамки на Директоратот за статистика на ЕЦБ. Настанот го отвори вицегувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, со пригодно обраќање до присутните за најновите предизвици за статистиката по глобалната финансиска криза.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}