Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата десетта седница.
Скопје, 30.10.2013 година
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата десетта седница.
На седницата, Советот на Народната банка го разгледа Извештајот за банкарскиот систем на Република Македонија во вториот квартал од 2013 година. Заклучено беше дека во тој период растот на кредитната активност умерено забрза, а носители на растот беа кредитите на секторот „домаќинства“ и кредитите во денари. Во услови на заживување на домашната економска активност но сеуште присутна неизвесност околу економското закрепнување на глобален план беше утврдено дека конзервативните стратегии на некои банкарски групации имаа одреден ефект врз динамиката на кредитната активност во периодот што следеше. Се очекува дека веќе извесното излегување на европската економија од рецесија, како и намалувањето на учеството на нефункционалните кредити во домашниот банкарски сектор да придонесат за продолжување на забрзувањето на кредитната активност.
Солвентноста на банкарскиот систем е висока и стабилна, што е потврдено и со стрес-тестирањето на банкарскиот систем со симулациите на екстремни хипотетички шокови. Големата отпорност на банкарскиот систем е неопходен услов за одржливо кредитирање. Таа отпорност дополнително се зголемува и со неодамна усвоените измени во регулативата за имотот преземен врз основа на ненаплатени побарувања, при што евентуалната ослободена исправка на вредноста нема да се прикажува како приход којшто може да се исплати како дивиденда, туку ќе се намени за зајакнување на капиталот на банките.
Кредитниот ризик и натаму е најприсутниот ризик во банкарскиот систем на Република Македонија, и покрај тоа што вториот квартал од 2013 година беше одбележан со забавувањето на кварталниот раст на нефункционалните кредити. Овој тренд продолжи и во наредните месеци од годината, така што заклучно со август, учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити се врати на нивото од март 2013 година и изнесува 11,9%, наспроти 12,3% на крајот на јуни 2013 година. Забавениот раст на нефункционалните кредити произлезе од корпоративниот сектор и може да се објасни со позитивните придвижувања во домашната економија во претходните три квартали, а пред с? посилниот раст на економската активност во првиот квартал годинава. Очекувањата дека економијата ќе се задржи во зоната на солиден годишен раст даваат основа да се претпостави дека натамошното забрзување на растот на нефункционалните кредити кај корпоративниот сектор е исцрпено во значителна мера.
И на крајот на вториот квартал банките одржуваат висока ликвидност, гледано преку обемот на ликвидната актива, којашто покрива голем дел од депозитите на населението и од краткорочните обврски на банките. Стрес-тестовите сѐ уште покажуваат висока отпорност на симулираните ликвидносни шокови. На крајот од вториот квартал, банкарскиот систем прикажа позитивен финансиски резултат од 351,4 милиони денари. Основни фактори за остварената добивка се порастот на вкупните редовни приходи, пред с? на нето-приходите од камати, како и намалените оперативни трошоци.
Советот, на денешната седница, ја донесе и Одлуката за изменување на Одлуката за управување со ликвидносниот ризик на банките. Со оваа одлука се намалува процентот од орочените депозити за кој се претпоставува дека ќе се одлее од банките, од 80% на 60%. Измената се темели врз утврдената висока стабилност на орочените депозити во банкарскиот систем. Со промената ќе се ослободи повеќе простор кај банките за долгорочно кредитирање на реалниот сектор. Советот ја донесе и Одлуката за изменување на Одлуката за условите и начинот под кои резидентите можат да вршат наплата и плаќање во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, што претставува усогласување со Законот за превоз во патниот сообраќај. Со промените содржани во Одлуката се поедноставува постапката при исплатата на ефективни странски пари за тековните потреби на домашните превозници.
Советот го разгледа и го усвои Извештајот за работењето на внатрешната ревизија во првото полугодие на 2013 година и донесе и други одлуки од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}