Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата четиринаесетта седница
Скопје, 26.12.2013 година
Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата четиринаесетта седница.
На седницата, Советот го разгледа Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал. Во Извештајот се истакнува дека почетокот на закрепнувањето на реалниот сектор во текот на 2013 година придонесува за растот на активата и на депозитното јадро на банките. Карактеристично за третиот квартал е тоа што главен носител на растот на депозитите кај банките беше корпоративниот сектор, за разлика од претходните квартали кога тоа беа домаќинствата. Од друга страна, главен носител на растот на кредитирањето и натаму се домаќинствата, додека кредитите кон корпоративниот сектор бележат намалување.
Се очекува дека натамошното економско закрепнување ќе предизвика постепено јакнење на кредитната активност на банките насочена кон корпоративниот сектор. Вака ќе делуваат и мерките на монетарната политика преземени во претходниот период, коишто се однесуваат на поттикнувањето на кредитната активност, управувањето со ликвидноста од страна деловните банки и развојот на пазарот на капитал. Покрај овие мерки, се очекува дека и дополнителната мерка за управување со ликвидносниот ризик ќе придонесе за зголемувањето на кредитната поддршка на реалниот сектор.
Во текот на третиот квартал се подобри и квалитетот на кредитното портфолио на банкарскиот систем, гледано од аспект на намалувањето на нефункционалните кредити. Тие и натаму се целосно покриени со вкупната исправка на вредноста, што значи дека и при хипотетичка целосна ненаплатливост, солвентноста на банките не би била загрозена.
Внимателноста при кредитирањето се огледа и во тоа што, во третиот квартал, банките ги насочија половината од новите извори на средства во ликвидни инструменти, што, пак, од своја страна придонесе за натамошниот раст на ликвидната актива и зајакнувањето на ликвидната позиција на банкарскиот систем. Адекватноста на капиталот веќе подолг период е над 17%, што е далеку над законски пропишаниот минимум. Во третиот квартал, почнаа да се чувствуваат ефектите од новата регулатива за третманот на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, што придонесе за дополнителен раст на сопствените средства на банките.
Во текот на првите девет месеци од 2013 година е забележано мало, но постојано подобрување во показателите за ефикасноста на банкарскиот систем, под влијание пред с? на растот на нето каматниот приход и падот на оперативните трошоци. Добивката на банкарскиот систем остварена во овој период е речиси двојно поголема, од добивката остварена во истиот период од претходната година.
Во целина, банкарскиот систем ја задржа својата стабилност и отпорност на шокови. Очекувањата за натамошните движења се оптимистички и се поврзани пред с? со позитивните економски придвижувања и нивниот преносен ефект врз остварувањата на клиентите на банките од реалниот сектор.
На седницата беше усвоена и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2014 година, којашто претставува дел од документите што произлегуваат од процесот на стратегиското планирање, во кој детаљно се разработени планираните активности за следната година врз основа на донесениот Стратегиски план за периодот 2014-2016 година и Насоките за работа на Народната банка.
Во рамките на актите коишто се однесуваат на работењето на Народната банка на Република Македонија за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои Програмата за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија за 2014 година и Среднорочната програма за внатрешна ревизија 2014-2016 година. Беше усвоен и новиот Правилник за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија со кој се врши усогласување со измените и дополнувањата во Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, како и со препораките за подобрување на работењето дадени од страна на централната банка на Холандија и Европската централна банка. На денешната седница, Советот ги разгледа и ги усвои и Финансискиот план, Планот за инвестиции и Планот за јавните набавки за 2014 година.
Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}