Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија
Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се потпиша Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.
Целта на потпишувањето на Меморандумот за соработка е институциите надлежни за регулирање на финансиските услуги, со заеднички заложби и проекти, да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија.
Потписниците на Меморандумот се согласија да се формира Координациско тело на регулаторните институции во Македонија за финансиска едукација. Улогата на Координациското тело ќе биде:
1. Да покренува иницијативи до надлежните институции за донесување акти коишто ќе ја поткрепат идејата за финансиска едукација на населението во Република Македонија;
2. Да дефинира и да предлага заеднички проекти за финансиска едукација;
3. Да изработува стратегиски документи;
4. Да ги организира, да ги спроведува и да ги проценува анкетите за нивото на финансиска писменост во земјата и нивото на финансиска вклученост на населението во финансискиот систем во државата;
5. Да организира работни сесии, семинари и други видови обуки и настани;
6. Да промовира регионална и интернационална соработка.
Изработката на стратегиските документи ќе се темели врз основа на меѓународно прифатените принципи за финансиска едукација на Групацијата 20 најразвиени земји и други мултилатерални институции и организации.
Финансиски описменетите граѓани ќе можат да направат правилен и здрав избор на финансиските производи, а со тоа ќе се придонесе и за постабилен и сигурен финансиски систем во државата.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}