Развојна функција
Народна банка на Република Македонија го развива Real Time Gross Settlement системот (МИПС) и другите домашни платни системи во соработка со банките и Министерството за Финансии. Целта е да се создаде ефикасност на платните системи, редуцирање на банкарската изложеност на ризици сврзани со платните трансакции и воведување на минимум критериуми за платните трансакции.
Во таа насока развојната улога на НБРМ во Платните Системи е во следењето и усовршувањето на регулативата, воведувањето на нови стандарди во работењето, како и следењето на развојните тенденции и создавање на амбиент за нивно имплементирање во Платниот систем во Република Македонија, со цел подготвеност во интеграционите текови од оваа област.
Стандардизација на броевите на банкарските сметки
Основната потреба за ефикасно и сигурно функционирање на системот на сметки на банките е информациите што ги содржат сметките да се исправни и униформни. На ниво на национална економија со Одлуката за конструкција на сметка се постигнува потребната униформност и постои идентификација на бројот на сметката со клиентот преку Единствен регистар на иматели на сметки. Меѓутоа Народна банка на Република Македонија ќе ги следи трендовите на хармонизација на броевите на банкарски сметки на интренационално ниво.
Европскиот комитет за банкарски стандарди (ECBS) издаде стандард за хармонизација на структурата на интернационалните броеви на банкарски сметки - IBAN (International Bank Account Number). IBAN е направен за да се промовира автоматското процесирање на прекуграничните платни инструкции. IBAN стандардот се докажува во прекуграничните плаќање во смисла на брзина, квалитет и трошоци. Основата на IBAN стандардот во врска со прекуграничниот платен сообраќај е бројот на националната сметка на државата за која станува збор. IBAN се состои од кодот на државата, интернационална препознатлива ознака и националниот број на сметката. Во оваа фаза на развој на Платните системи во Република Македонија егзистира само националниот број на сметка со што постои потполна компатибилност во развојот и можност за имплементирање на IBAN стандардот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}