Расположливи депозити на седум дена
На 6 ноември 2013 година, банките пласираа средства во расположливи депозити на седум дена во износ од 4.290 милиони денари, односно 1.536 милиони денари повеќе од достасаниот износ (2.754 милиони денари).
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 1,50%.