достапно само на англиски јазик
Автори: Милан Елисковски и Неда Поповска-Камнар
достапно само на англиски јазик
Монетарна наспроти макропрудентна трансмисија – ефикасност и ефективност: осврт на банкарските сектори од Централна и Југоисточна Европа
Оваа студија има двојна цел. Првата е проценка на ефикасноста на монетарната и макропрудентната политика (преку инструментите поврзани со обемот на капиталот на банките), во однос на трансмисијата преку каматните стапки. Втората цел на овој труд е проценка на ефективноста на двете политики дефинирана како степен до кој што секоја соодветна политика влијае на кредитирањето на банките кон нефинанските претпријатија и домаќинствата. Примерокот користен во оваа анализа се состои од осум земји од Централна и Југоисточна Европа: Хрватска, Чешката Република, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Турција. Податоците се организирани како панел со квартални податоци, опфаќајќи го периодот од 2006 до 2019. Резултатите укажуваат дека кога двете политики (монетарната и макропрудентната политика) се рестриктивни, тие делуваат на намалување на кредитите на нефинансиските претпријатија и домаќинствата во однос на БДП. Што се однесува до резултатите кај каматните стапки на кредитите, истите покажуваат позитивно влијание на монетарната политика, додека ефектите на макропрудентната политика се разликуваат, во зависност од секторот. Резултатите од истражувањето покажуваат дека макропрудентната политика, може да претставува значајна поддршка на монетарната политика во остварувањето на монетарните цели.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на НБРСМ. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}