Податоците за лицата кои склучиле договор за кредит со нерезиденти/резиденти и вложиле во/од странство се обработуваат за статистички цели, утврдени во Законот за Народната банка, Законот за девизно работење и петгодишната Програма за статистички истражувања донесена врз основа на Законот за државната статистика. Личните податоци се користат само како агрегирани податоци за подготовка на стандардни статистички извештаи во екстерните статистики.
За секое лице се обработуваат следниве категории лични податоци:
- име и презиме на физичкото лице;
- адреса и седиште на физичкото лице;
- процент на учество во капиталот на претпријатието во кое се инвестира и вид на вложување;
- состојба и промени на капиталот и меѓукомпанискиот долг;
- елементи на договорот за кредит;
- вид, намена и обезбедување на кредитот;
- елементи на главнината, каматата и трошоците врз основа на кредитот.
Подетални појаснувања за статистичкото известување се содржани во:
- Упатството за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство;
- Упатството за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од странство;
- Упатството за начинот и условите за поединечно известување за кредитите земени од нерезиденти;
- Упатството за начинот и условите за поединечно известување за кредитите одобрени на нерезиденти.
Податоците се чуваат 10 години по намирувањето на сите побарувања и обврски согласно со условите од договорот за кредит, односно 8 години по приемот на известувањето за вложувањата во странство.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}