Податоците за кредитокорисниците, жирантите, поврзаните лица, депонентите, давателите на колатерал, примателите на лоро и налогодавачите на ностро дознаки, примателите на средства и дозначувачите на средства во денарски платен промет и дозначувачите на средствата во денарскиот платен промет се обработуваат заради соодветно идентификување, мерење и следење на одделните типови ризици коишто влегуваат во делокругот на работа на супервизијата при Народната банка, како и за добивање јасна и реална слика за начинот на управувањето со одделните типови ризици и за преземање соодветни супервизорски активности за подобрување на управувањето со ризиците.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- матичен број на граѓанинот;
- адреса на живеење;
- податоци за трансакциите на физичките лица опфатени со контролираниот примерок за кредитен ризик, ризикот од перење пари, како и во сферата на контрола на усогласеноста со прописите (платен промет со странство и во земјата);
- податоци за работодавачот и висина на примањата;
- податоци за имотот на физичките лица којшто е ставен како хипотека;
- податоци за поврзаните физички и правни лица.
Податоците се чуваат 10 години од конечноста на Записникот. Рокот е утврден имајќи го предвид супервизорскиот циклус којшто може да трае и над 24 месеци, со оглед на тоа што понекогаш се потребни материјали од две последователни контроли.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}