Обработката на личните податоци на физичките лица е заради исполнување на обврските коишто произлегуваат од контролната и супервизорската функција на Народната банка, односно проверката на документацијата којашто е неопходна за издавање дозвола на дозвола, за платежна институција/издавач на електронските пари и упис на нивните агенти; за издавање дозвола за вршење менувачки работи и за лицата кои се овластени да вршат менувачки работи и за издавање одобрение за отворање или за имање сметка во странска банка.
Во збирката за издавање дозволи и согласности за небанкарски даватели на платежни услуги, оператори на платни системи и менувачници и одобренија за физички лица се обработуваат личните податоци на следниве категории субјекти:
- за одговорното/-ните лице – управителот/-лите, членот/членовите на управниот одбор, на трговското друштво, лицата (правни и физички) кои преку лицата со кои имаат блиски врски поседуваат квалификувано учество за издавање дозвола, за платежна институција/издавач на електронски пари и одговорно/-ните лице – управителот/-лите на нивните агенти;
- одговорното/-ните лице – управителот/-лите на правното лице кое поднесло барање за да добие дозвола за вршење менувачко работење и овластено/-ните лице кое ќе врши менувачко работење и
- лицето/лицата кое поднесува барање за да добие одобрение за отворање или за имање сметка во странска банка.
Народната банка ги обработува следниве категории лични податоци:
- име и презиме;
- матичен број на граѓанинот;
- датум и место на раѓање;
- место и адреса на живеење/адреса на престој;
- датум на издавање и рок на важење на личната карта (државјанство);
- датум, место, број на издавање и рок на важење на дозволата за престој (државјанство);
- телефонски број;
- податок за (не)осудуваност;
- податок за (не)изречена забрана за вршење професија, дејност или должност.
За личните податоците коишто се обработуваат е утврден рокот на чување од 10 (десет) години, и тоа:
- по укинувањето на дозволата за вршење менувачки работи.
- по престанокот на важноста на одобрението на резидентот за отворање или за имање сметка кај странска банка.
- по истекот на календарската година во која ги примила, односно по престанувањето на вршењето на функцијата член на орган на управување, и
од датумот кога лицето веќе нема квалификувано учество во трговското друштво (за соработниците и лицата поврзани со лицата кои вршеле функција, членот на органот на управување, лицата кои биле во блиски врски или имале квалификувано учество во трговското друштво).