Автор: Гани Рамадани
Глобален раст на цените на енергентите – директни и индиректни ефекти врз домашната инфлација
Во текот на 2022 и 2023 година движењето на глобалната и домашната инфлација беше под влијание на високиот раст на цените на енергијата по руската инвазија на Украина. Движењата на цените на енергијата се важен елемент за поместувањето на инфлацијата и може да влијаат на директен и на индиректен начин. Во оваа анализа правиме оцена на енергетскиот интензитет на кошницата на индексот на потрошувачките цени (CPI) преку користење на табелите за влезни и излезни компоненти (англ. input-output tables) коишто ја покажуваат зависноста помеѓу производните процеси. Проценуваме дека индексот на потрошувачките цени има индиректен енергетски интензитет од 11,4% што ја одразува улогата на трошоците за енергија во придвижувањето на цените на стоките и услугите за широка потрошувачка. Енергетскиот интензитет е највисок кај категоријата „домување и услуги за домаќинствата“ и кај категоријата „транспорт“, а најмал кај алкохолните пијалаци и облеката и обувките. Повеќе од три четвртини од зголемувањето на стапката на инфлација во октомври 2022 година може да се објаснат со директните и индиректните ефекти на цените на енергијата, каде што индиректните ефекти имаат поголем придонес. Исто така, и инфлацијата во еврозоната беше под влијание на енергоинтензивните компоненти, но со помал придонес во споредба со нашата економија заради разликите во енергетскиот интензитет на двете економии. Со стабилизирањето на глобалните цени на енергијата, значително се намали индиректниот ефект на енергоинтензивните категории, коишто имаа значаен придонес за забавувањето на просечната стапка на инфлација во 2024 година.
Ставовите изложени во авторските материјали се на авторите и не мора да соодветствуваат со ставовите на Народната банка. Ве молиме, при користењето на материјалите соодветно да се цитира изворот/авторите на трудот.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}