Скопје, 13.11.2013 година
Редовна аукција за продажба на благајнички записи
На 13 ноември 2013 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво на достасаниот износ, 25.500 милиони денари.
Побарувачката за благајнички записи беше повисока од понудениот износ и изнесуваше 37.069 милиони денари. Реализацијата изнесува 25.500 милиони денари.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 11 декември 2013 година.