Услугите на Библиотеката можат да ги користат работниците на Народната банка (внатрешни корисници) и надворешни корисници, без надоместок.

Внатрешните и надворешните корисници можат да ги користат следниве услуги:

  • користење печатени и електронски публикации;

  • користење електронски бази на податоци;

  • користење на читалната на Библиотеката на Народната банка.

Внатрешните корисници можат да ја користат и услугата за меѓубиблиотечно зајмување библиотечен материјал. 

Надворешните корисници можат да го користат своето право исклучиво во просториите на библиотеката. 

Библиотекарите имаат право да не дозволат издавање одредена публикација доколку станува збор за публикација која е редок библиотечен материјал или е од големо значење за библиотечниот фонд. 

Корисниците на библиотечните услуги на Библиотеката на Народната банка се должни да се однесуваат одговорно кон печатените публикации, да не предизвикуваат нивно оштетување и губење.