Платен биланс
Платниот биланс ги евидентира сите економски трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти во одреден временски период и ги отсликува сложените економски врски на земјата со остатокот од светот. Платниот биланс се состои од тековна сметка (стоки, услуги, примарен и секундарен доход), капиталнa и финансиска сметка.
Најнови остварувања:
Во четвртиот квартал од 2023 година, во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 111,7 милиони евра, како резултат на дефицитот во размената на стоки и кај салдото на примарен доход.
Кај финансиските трансакции со нерезидентите се остварени нето-приливи од 91,7 милиони евра, и тоа нето-приливи се остварени кај заемите (384,9 милиони евра), директните инвестиции (206,2 милиона евра), валутите и депозитите (99 милиони евра) и трговските кредити (31,8 милиони евра), додека нето-одливи се забележани кај портфолио-инвестициите (37,3 милиони евра). Девизните резерви се зголемени за 592,8 милиони евра. Прочитај повеќе ...
Архива на платен биланс
За подетални информации во врска со објавените статистички податоци, контактирајте нѐ на [email protected] или на телефон 02 3215 181 локал 103 (или 110/108)