Супервизорски стандарди
Во извршувањето на своите активности банките се должни да ги почитуваат пропишаните супервизорски стандарди кои имаат за цел ограничување на банкарските ризици. Основните супервизорски стандарди за работењето на банките, кои што се прифатени и воспоставени од страна на Народна банка на Република Македонија, произлегуваат од препораките дадени од страна на Базелскиот комитет за банкарска супервизија и Европските Директиви. Како најзначајни треба да се издвојат:
-
адекватност на капиталот, односно одржување на адекватно ниво на капитал кое ќе овозможи покривање на ризиците на кои се изложени банките во текот на своето работење. Стапката на адекватност на капиталот, како однос помеѓу сопствените средтсва и активата пондерирана според ризикот, не може да биде пониска од 8%;
-
критериуми за класификација на активните билансни и вонбилансни ставки според степенот на нивната ризичност и вршење на исправка на вредност, односно издвојување на посебна резерва за обезбедување од потенцијалните и/или настанатите загуби;
-
лимити на изложеност како однос помеѓу вкупните билансни и вонбилансни побарувања спрема лице и со него поврзаните лица, вложувањата во хартии од вредност издадени од тоа лице и капиталните вложувања во тоа лице и сопствените средтсва на банката;
-
лимити за изложеност спрема валутниот ризик и начинот на управување;
-
лимити за ограничување на вложувањата на банка во земјиште, згради, опрема и капитални делови.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}