Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 31.01.2008 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот донесе неколку подзаконски акти:
- Со Одлуката за управување со валутниот ризик се пропишува методологијата за управување со валутниот ризик, како ризик од загуба поради промена на меѓувалутните курсеви. Согласно со оваа Одлука, банките се должни да воспостават систем за управување со валутниот ризик и да донесат политика и соодветни процедури за идентификување, мерење, следење и контрола на валутниот ризик. Изложеноста на валутниот ризик, мерена како однос на агрегатната девизна позиција и сопствените средства на банка, се намалува од 50% на 30% од нејзините сопствени средства. Банките се должни на дневна основа да ја следат изложеноста и да бидат усогласени со лимитите на изложеност на валутен ризик;
- Со Одлуката за управување со кредитниот ризик, како ризик од загуба поради неможноста за измирување на обврските од страна на клиентот, се пропишува начинот на класификација на кредитната изложеност на банка спрема поединечен клиент. Притоа, банката е должна да изврши класификација на клиентот во една од петте категории на ризик: "А", "Б", "В", "Г", "Д". Во зависност од тоа во која категорија на ризик е класифициран клиентот, банката е должна да изврши исправка на вредност, односно да издвои посебна резерва, на следниот начин:
- За клиент класифициран во категоријата на ризик "А", банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва од 0% до 10% од износот на побарувањето;
- За клиент класифициран во категоријата на ризик "Б", банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва од 10% до 25% од износот на побарувањето;
- За клиент класифициран во категоријата на ризик "В", банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва од 25% до 50% од износот на побарувањето;
- За клиент класифициран во категоријата на ризик "Г", банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва од 50% до 75% од износот на побарувањето;
- За клиент класифициран во категоријата на ризик "Д", банката врши исправка на вредност, односно издвојува посебна резерва од 75% до 100% од износот на побарувањето.
Оваа методологија е во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување. Одлуката пропишува и минимум стандарди кои треба да ги воспостават банките за управувањето со кредитниот ризик;
- Со Одлуката за консолидирана супервизија на банките се пропишува предметот на консолидираната супервизија и начинот на изработка на консолидираните финансиски и супервизорски извештаи на банкарската група. Консолидираната супервизија е важна бидејќи ризиците на кои се изложени членовите на банкарската група во своето работење многу лесно можат да се пренесат на останатите членови на групата. Заради тоа е потребно да се воспостават адекватни системи за управување со ризиците на ниво на целата банкарска група.
Советот на Народната банка беше информиран за најновите макроекономски движења.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}