Скопје, 30.07.2007 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, врз основа на поднесено барање за претходна согласност од страна на „Мајлстоун“ (Milestone ehf.) од Исланд за стекнување 100% од обичните акции во „Комерцијално Инвестициона банка“ АД Куманово, донесе Решение со кое што го одобри поднесеното барање. Претходната согласнот е издадена врз основа на член 59 од Законот за банките („Сл. весник на РМ“ бр. 67/2007). Врз основа на издадената претходна согласност „Мајлстоун“ може да се стекне со акциите во рок од 180 дена од денот на добивањето на претходната согласност од Народна банка.
„Мајлстоун“ е приватна инвестициска компанија регистрирана во Исланд. Фокусот на оваа инвестициска компанија се стратешки и приватни капитални вложувања. Компанијата има диверзифицирано портфолио на деловни активности и средства, а нејзините акции котираат на Исландската берза OMX во Рејкјавик. Оваа инвестициона компанија е регулирана од страна на Супервизорската Агенција за Финансиски Надзор (FSA) на Исланд, со оглед на тоа што истата има капитални вложувања во осигурителната компанија „Сјова“ (Sjova). Исто така, „Мајлстоун“ е во постапка на добивање на дозвола за основање на инвестициона банка пред Супервизорската Агенција за Финансиски Надзор на Исланд.
На крајот на првиот квартал од 2007 година согласно ревидираните финансиски извештаи, вкупниот финансиски потенцијал на „Мајлстоун“ изнесува 2,3 милијарди Евра, а капиталната позиција изнесува 727 милиони Евра. Оваа инвестициска компанија 2006 година ја завршила со позитивен финансиски резултат во висина од 226,7 милиони Евра додека остварениот финансиски резултат за првиот квартал од 2007 година изнесува 216,4 милиони Евра.
Со влезот на овој стратегиски инвеститор во „Комерцијално Инвестициона банка“ АД Куманово, согласно приложениот деловен план кон барањето за претходна согласност, се очекува да дојде до финансиското и оперативното престуктуирање на Банката, како и зајакнување на системите на корпоративното управување во Банката.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}